Провокативно издание на Наоми Кемпбел

16 декември 2014

Откако беше дел од пролетно/летната кампања на Барбери заедно со Џордан Дан, Наоми Кемпбел  ја прифати и понудата на Agent Provocateur за фотографиње на новата колекција на долна облека. Креативниот дизајнер на брендот, Сара Шотон инспирацијата за пролетно/летната колекција за 2015 година, ја пронајде во хероините од 70-тите години на минатиот век и смета дека токму Наоми е идеална за оваа улога. Долната облека според замислата на брендот е истовремено моќна и заводлива, а тоа се докажува и со провокативните фотографии, во кои главна улога има токму една од највлијателните британски модели – Наоми Кемпбел.

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Сцена