Најскапоцената долна облека во светот
•
23 ноември 2013
Лондонската куќа од тронското место ги тргна Agent Provocateur и на пазарот наметна нов стандард кога е во прашање луксузната долна облека.
Дизајнерот Александра Попа успеа за кратко време да го привлече вниманието на припадничките на понежниот пол кои се заљубија во нејзините креации, па дури и хрватската пејачка Северина носи нејзин дизајн во спотот за песната „Dobrodošao u klub“
Новата колекција е направена во соработка со брендот Selfridges. Колекцијата е лимитирана и има само три модели кои се изработени од најдобри материјали, кристали од Сваровски и злато.