Џулијан Асанж ќе има манекенско деби- се прашувате каде?

27 јуни 2014

Австралискиот новинар и интернет активист кој најмногу е познат по неговата работа на мрежата Викиликс, а веќе две години живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон,  ќе се појави на модна ревија во улога на модел. Асанж од својот повремен „дом“ во Лондон во месец септември ќе има свое манекенско деби од колекција на дизајнерот Бен Вествуд кој ќе организира модно шоу токму од Амбасадата на Еквадор. Дизајнерот Вествуд се насочува  по потребите на модерната „интернет суперѕвезда“  односно по ризикот за неговата слобода.

-Џулијан е во амбасадата веќе две години и е многу важно тој да не влезе во некој несигурен чекор. Сакам да ги потенцирам маките на Џулијан и сите неправди кои му се направени. Новата линија облека што ќе биде презентирана на уште шест модели е инспирирана од доброто, лошото и грдото, објаснува дизајнерот.

Покрај тоа ќе бидат претставени и маички со ликот на Асанж, всушност такви со слична парола каква што направи и дизајнерката Вивиен Вествуд во поддршка на Џулијан. Засега е познато дека поканети на ревијата се и актерот Џорџ Клуни и неговиот адвокат кој воедно беше и дел од одбраната на Асанж.

Инаку, Џулијан Асанж од 19-ти јуни 2012 живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон борејќи се за дипломатски азил додека чека да се размрси случајот со обвиненијата за наводно силување во 2010 година.

 

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Актуел