Памела Андерсон отворено за менопаузата, љубовта и феминизмот

6 февруари 2018

Секс симболот Памела Андерсон веќе извесно време е во врска со 18-години помладиот француски фудбалер Адил Рами. Ако се земе предвид дека за првиот сопруг Томи Ли се омажи само четири дена од првата средба, необичните љубовни чекори за актерката не се некое изненадување.

За потсетување, Памела (50) зад себе има три брака, двајца синови, додека Адил (32) исто така има два сина, близнаци, од врската со француски модел за долна облека.

Памела и фудбалерот се запознаваат минатото лето и оттогаш се нераздвојни, пишуваат странските медиуми.

„Не сакам многу да зборувам за него. Сакаме да ја заштитме нашата љубов. Има многу лажни врски насекаде околу нас, најмногу затоа што сакаат да бидат забележани. Но, тој не го сака тоа, а ни јас. Тој не е со мене затоа што сака медиумско внимание, и обратно“, раскажува Памела за „Дејли мејл“.

Но, додава дека особено ѝ годи начинот на кој тој се однесува кон неа.

„Тој искрено се грижи за мене. Имаме здрав, едноставен живот и однос, без врева. И двајцата имаме деца и се обидуваме сите да се привикнеме едни на други, но тој е прекрасен. Навистина е добро момче“, не ги штеди зборовите Памела.
Двојката веќе шест месеци живее заедно во Марсел, каде што Адил игра за локалниот тим. Памела го следи на натпреварите, а после осум месеци заедно, двојката веќе има нивна рутина.

Тој тренира во салата во рамки на нивниот дом, а Памела сака да пазарува во локалните маркети и да готви здрави оброци.

Но, од средениот изглед не се откажува дури ниту кога е во кујна. Таму носи високи потпетици. Откако живее во Европа, ниту еднаш не облекла рамни обувки или џинс.

„Не носам ни тренерки. Преферирам секси облекла и винтиџ влечки. Кога Адил ќе ме види, понекогаш не му се верува. Ме нарекува вонземјанин. Ми вели, „ти имаш 30, а не 50 години. Дај да ти ја видам возачката дозвола, ова е невозможно. Постојат многу помлади девојки од тебе, но како ти успева ова? Изгледаш фантастично“.
Но, свесна дека ќе дојде момент кога гравитацијата ќе го направи своето и младиот лик ќе почне да се губи, му вели на својот партнер:

„Еден ден ќе се распаднам, го знаеш тоа нели? Биди подготвен. Да бидеме вљубени сè додека нашата љубов трае, а ако некогаш дојде ден кога ќе ме погледнеш со одбивност, секогаш можам да се преселам во друга земја“, вели Памела.

Таа додава дека кога се преселила од Калифорнија во југот на Франција, не се ни надевала на љубов, ниту пак ја барала.

„Не очекував дека ќе се вљубам, а секогаш кога не се надеваш се случува, нели? Како што наполнив 50 години, почнував да се чувствувам осамено. Имам три брака зад себе, децата ми се големи и градат свои кариери. Ќе зготвев вечера и никој не се појавуваше. На крајот јадев сама. Се чувствував осамено како да сум завршила со животот, како да сум мртва. Имав синдром на празно гнездо, сите видови проблеми. Хормони! Топли валунзи! Промени на расположенија! Сè се случуваше одеднаш – раскажува Памела, додавајќи дека секогаш стравувала од периодот на менопауза, особено бидејќи нејзината мајка многу тешко ја поднела.

„Навистина поминав тежок период со неа. Сега пак, чувствував промени, се најдов во менопауза порано отколку што очекував. Мајка природа не се прашува. Се почувствував многу емотивно, поетично, мрачно, сонливо – искрена е актерката.

Во тој период ја донесува одлуката да го продаде домот во Малибу.

„Откако четири години го реновирав домот  кој го купив за околу два милиони долари и потрошив речиси седум милиони долари (сите пари што некогаш сум ги заработела) на неговото средување, одлучив дека тоа е моментот, да се биде или не. Одлучив дека ќе го изнајмувам (за речиси 49.000 долари месечно) и дека ќе одам во Сен Тропе во текот на летото. Пријателите, посебно Вивијан Вествуд ми рече дека многу ќе ми се допадне.

Дизајнерката ќе ја запознае со Џулијан Асанж. Постоеја гласини за нивната врска, но актерката конечно ја откри вистината.

„Постоеше некоја поврзаност помеѓу нас, но никогаш нешто повеќе од тоа. Ниту пак физичка блискост“, вели Андерсон.

Витката фигура и младоликоста се резултат не само на ген, туку и на строгиот режим на исхрана.

„Повеќе од 20 години не јадам месо. Се трудам да бидам веган, но морам да признам дека не се држам строго до нивните правила на исхрана“, посочува Памела.

Инаку, во моментов е окупирана со книгата на која работи. Насловот на книгата е „Спасување на жените од феминизмот (Saving Women From Feminism), а во центарот е токму феминизмот како негативен тренд на виктимизација на жената и прикажување на мажите како непријатели.

Памела со синот Брендон, на премиера во Лондон во 2015 година

„ Верувам ќе предизвика прашина. Јас не го оправдувам феминизмот на начин на кој денеска се презентира. Многу жени сè уште сакаат да бидат секси и сè уште сакаат мажите да бидат тие што ќе го направат првиот чекор, што на нас жентие ни импонира. Не сакаме да бидеме жртви и не сакаме од мажите да правиме непријатели“, потенцира актерката.

Објавено:
6 февруари 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.444 пати