Џулијана Ренсик ги напушта E!News!
•
10 јули 2015
Познатата водителка Џулијана Ренсик ќе ги напушти E!News, но не и E! Мрежата. Џулијана беше дел од E!News уште од 2002 година.
„Повеќе од 10 години ја имав среќата да бидам дел од успехот на E!News и моето семејство од шоуто ќе ми недостасува. Во исто време, возбудена сум што ќе бидам домаќин на двете најголеми франшизи од E! (Fashion Police и Live from the Red Carpet), но исто така ќе бидам продуцент на новото шоу Rich in Faith за Oxygen, што ќе ги лансира моите модни линии и виното на следното, повисоко ниво. Затоа, ова е важно време и среќно за мене и и' благодарам на E! за разбирањето на мојата желба да почнам со ново поглавје во мојот живот“, се вели во соопштението на Џулијана.
Нејзиниот последен ден на E!News ќе биде 10-ти август.