Кели Озборн ја напушти Fashion Police

28 февруари 2015

150227190710-zendaya-rancic-osbourne-780x439

Само неколку дена откако Кели се закани дека ќе го напушти шоуто доколку Џулијана Ренцик не се извини за неприкладните коментари на сметка на косата на Зендаја, Озборн одлучи навистина да го направи тоа.

За потсетување, младата Озборн преку Твитер го изрази своето незадоволство кон нејзината колешка и добра другарка, Џулијана Ренцик, која упати остра и неприкладна критика кон оскаровскиот изглед на Зендаја, особено за суканиците во косата. Ренцик изјави како е сигурна дека косата на актерката и пејачка сигурно смрди на „трева“. На тоа изреагира и самата актерка, по што Џулијана упати јавно извинување.

-Кели Озборн ја напушта E!'s Fashion Police, бидејќи сака да истражи нови можности и ние сакаме да и' се заблагодариме за нејзиниот голем придонес во емисијата во изминативе пет години, колку што беше таа дел од него и кога шоуто стана вистински хит кај публиката“, се вели во официјалното соопштение од продукцијата.

Кој ќе се најде на нејзино место, се' уште не е познато, како што ниту самата Озборн се' уште не се огласува околу конкретните причини поради ваквата одлука.

Ова е навистина тешка година за шоуто. По смртта на Џоанс Риверс во септември, шоуто имаше неколку месечна пауза, по што се вклучија Кети Грифин и Бред Горески, но гледаноста беше далеку пониска од претходно. Првата емисија по паузата не успеа да достигне ниту еден милион гледачи.

Објавено:
28 февруари 2015
Категорија: 
Актуел