Замената на Џоан Риверс е ...

20 ноември 2014

На местото од централната фотелја во која седеше Џоан Риверс во популарнато модно жири на каналот Е и на саркастичен  начин ги коментираше изгледите на холивудските ѕвезди, ќе седне комичарката Кати Грифин. Изборот е направен од страна на Мелиса, ќерката на Риверс, која воедно е продуцент на шоуто.

Од матичната куќа известуваат дека останатите членови од жирито ќе бидат повторно Кели Озборн и Џулијана Рансик, додека четвртата позиција е несигурна за Џорџ Котиополос. Се шпекулира дека неговото место ќе го замени поранешната членка на „Дестинис Чајлд“, Кели Роланд.

Новина е тоа што емисијата нема да се емитува еднаш неделно, туку само за големи и значајни настани од црвениот килим.

Ианку, Кети Грифин освен колешка беше и добра пријателка на легендарната Риверс. Таа почина на 81- годишна возраст по операцијата на гласните жици. Новите серии на модното жири најавено е да стартуваат од 12-ти јануари 2015 година.

Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Актуел