Кели Озборн, ѕвездата на шоуто „Fashion Police“ на телевизискиот канал „E“ и миленичката на младата популација, одлучи да создаде свој личен веб сајт преку кој ќе може на своите обожаватели да им дели корисни модни совети. Отворањето на сајтот ќе се случи во февруари оваа година, а фановите ќе ја имаат ексклузивната можност да погледнат зад сцената и да уживаат во забавата која ќе им ја приреди Кели, а ќе добијат и одлични совети за убавина и мода.

 

 

Веб страната ќе функционира и како официјална платформа на настанот за меѓусебно програмирање и поврзаност со фан клубот на ѕвездата. Агенцијата која и даде поддршка на Озборн во овој потфат „SpinMedia“, веќе ги ажурира сајтовите на Ким Кардашијан и Линдзи Лохан.

 

 

Во продолжение еве неколку комбинации за тоа како да комбинирате накит и модни додатоци според рецептот и визијата на Кели Озборн, а кои ќе бидат дел од нејзиниот моден водич како дел од новата медиумска платформа:

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци