Наоми Вотс или Линдзи Лохан?
•
25 октомври 2017
Во денешниот стилски двобој се две актерки, Наоми Вотс и Лидзи Лохан, на кои им се допадна иста креација од модната куќа „Живанши“.
Се работи за миди тесен фустан со долги ракави од светкава ткаенина.
Наоми ја искомбинира со сандали во беж нијанса и црно-златна клач чанта. Линдзи пак, се одлучи за светкави обувки.
И двете се одлучија за дискретен накит, а и фризурата е слична - лежерно пуштена коса.
Кој е вашиот впечаток, на која подобро ѝ стои?
Инаку, овој фустан на „Живанши“ по сè изгледа е мошне популарен, бидејќи во него ја видовме и Синди Крафорд, која го искомбинира пак со салонки со шпиц, но е дефинитивно надвор од конкуренција.