Во центарот на денешниот стилски двобој е креација на дизајнерот Том Форд од колекцијата за пролет 2015 година.

Ријана

На првата фотографија е Ријана, која во овој смел фустан, со транспарентни корпи, украсени со монистра и висок шлиц се појави на свеченост во октомври 2014 година. Таа ја искомбинира со црни високи чорапи и сандали во виолетова металик нијанса, што соодветствува со украсите во предниот дел и сребрен накит.

Од другата страна пак е младата актерка Никола Пелц, која реши 21-от роденден да го прослави токму во истиот фустан. На забавата која се одржа месецов присуствуваа голем број модели, колеги и и други познати личности од светот на модата и шоубизнисот. 

Никола Пелц

Никола за оваа пригода се одлучи за сандали на бела платформа, додека накитот е златен. И додека Ријана се одлучи за строга фризура, односно залижана коса и долго опавче, актерката се одлучи за пуштена, брановидна коса.

На која подобро ѝ стои - на бринетата или русокосата?

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.303 пати