Изминатиов викенд во светот на шоубизнисот најмногу се зборуваше за свадбата на Софија Вергара и Џо Мангинело, а на Балканот за онаа на Северина и Игор Којиќ.
Токму затоа и ние одлучивме денешниот стилски двобој да го посветиме на двете невести. Иако, официјални фотографии сè уште нема, од веќе постоечките може да се забележи дека и Софија и Северина одбрале фустани со широко здолниште.
Венчалниот фустан на Софија е креација на Зухаир Мурад, додека Северина се одлучи хрватската дизајнерка Матија Вуица да го направи нејзиниот.
За разлика од Софија, која се одлучи за долга брановидна фирузра, Северина имаше собрана коса и вел. Веначлниот фустан на Северина е без ракави, во предниот дел затворен, но мошне богато украсен.
Креацијата на Зухаир пак, сама по себе вклучува тантелна, со дискретен, но богат принт.
Која повеќе ви се допаѓа?