Модната куќа „Балман“ неодамна го отвори првиот бутик во Њујорк, а со тоа и во Америка. Лоциран е во квартот Сохо, што креативниот директор на куќата, Оливие Рустенг го смета за идеална локација.
-За мене Америка е мошне инспиративна. Се восхитувам на нејзиниот отворен дух, микс од луѓе и импресивната култура, а Њујорк е сетот тоа, помножено со илјада – вели Рустенг.
Бутикот се простира на преку 1.500 метри квадратни. За уредувањето се ангажирани Оливие Марти и Карл Фоурниер од студиото „КО“.
Новиот простор е инспириран од вилата „Балман“, прекрасната куќа за одмор од 19-век на италијанскиот остров Елба, што ја користеше самиот основач на куќата.
Ентериерот во бутикот е токму во стилот на 19-тиот век, во комбинација со злато и месинг, големи огледала и мебел со француски дизајн од 20-тиот век. Еден од највпечатливите моменти е репликата на класичните грчки статуи, кои ја евоцираат Пјер Балман колекцијата на класични фигури од теракота од 19-от век.