Галијано има ново лого

3 јуни 2015

новото лого на брендот Џон Галијано новото лого на брендот Џон Галијано

Брендот одлучи да го смени логото. Промената се однесува на фонтот, па новото лого е инспирирано од 19-тиот век, а дизајнирано е во студиото на Франк Дуран, чии клиенти се и Балман, Исабел Марант и Сандро.

„Вистинско време е да им кажеме збогум на старите готски букви. Имаме одлична можност да размислиме за новиот изглед на компанијата“, вели креативниот директор Бил Гејтс, кој додава дека промените што започнаа со логото ќе продолжат и во бутиците и некои други сегменти од брендот.

Од модната куќа најавуваат дека подоцна годинава ќе презентираат и кампања, која ќе се снима на улиците на Лондон, со цел да се евоцираат почетоците на брендот, но во ново руво.

Објавено:
3 јуни 2015
Категорија: 
Актуел