Галијано одржа прес конференција за новото работно место

26 мај 2014

Пред две недели Џон Галијано откри дека ќе се врати на модната сцена, но не како моден дизајнер, туку како нов креативен директор на ланецот парфимерии L'Etoile, брендот за кој и претходно има работено како консултант.

Неговото пристигнување во Москва беше проследено со гламурозна прес конференција на која тој се појави на писта, а во позадина покрај музиката, Галијано беше најавен на следниот начин – Тој е човек кој знае што претставува убавината... Драги пријатели, чест ни е да ви го претставиме новиот креативен директор, познатиот гениј и иден креативен директор на L'Etoile – Џон Галијано.

На прес конференцијата покрај работните обврски на Галијано во врска со креирањето на нова козметичка линија, беше најавена и неговата улога во комерцијализацијата на брендот на меѓународниот пазар.

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Актуел