Мезон Марџела остана без „Мартин“

15 јануари 2015

Мезон Мартин Марџела повеќе не постои, барем не под тоа име. Промената на името е поврзана со еволуцијата на Марџела, а гласноговорничката на брендот за Њујорк Тајмс, изјавила дека промената ќе се однесува на целата модна куќа, не само на новата линија, која пред неколку денови беше претставена на машката модна недела во Лондон.

Новото име на модната куќа која постои од 1988 година се прави во период кога Марџела има и нов креативен директор, феноменалниот Џон Галијано. Менувањето на името не е новитет на модната сцена, особено откако Хеди Слиман направи ребрендирање од Ив Сен Лоран, со бришење на „Ив“ од целосното име.

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Актуел