Потврдено: Галијано е новиот креативен директор на Мезон Мартин Марџела

6 октомври 2014

Гласините кои деновиве ги разбрануваа медиумите со веста дека Џон Галијано се враќа на модната сцена, е потврдена. Официјално одговорните од модната куќа Мезон Мартин Марџела излегоа со соопштение дека Џон Глаијано е новиот креативен директор на парискиот бренд.

„Марџела е подготвена во својот крвоток да внесе нов, харизматичен, креативен и искусен човек. Џон Галијано е еден од најголемите и неприкосновени таленти на сите времиња. Уникатен и исклучителен дизајнер кој е секогаш спремен да соочи со нови предизвици и затоа со нетрпение го очекуваме неговото враќање во модниот свет и навистина ми е задоволство што стартот го има токму кај нас. Искрено, му посакувам топло добредојде во новиот дом“, изјави за медиумите Ренцо Росо, претседателот на  асоцијацијата ОТБ, од која е дел модната куќа Мезон Мартин Марџела.

Се очекува првото модно шоу, на Џон Галијано за Марџела да биде во јануари 2015 година во рамките на модната недела за висока мода во Париз.

 

Објавено:
6 октомври 2014
Категорија: 
Актуел