Годишната добротворна манифестација за собирање на средства „Fashion Rocks“ после пет годишна пауза повторно ќе ја „затресе“ сцената во септември. Прославата која е спој од многу музика, стил и мода оваа година ќе биде спонзорирана од Келвин Клајн. Дизајнерската куќа во рамките на манифестацијата ќе ги претстави најновите колекции на Calvin Klein Jeans (Келвин Клајн џинс) и Calvin Klein Underwear(Келвин Клајн долна облека). Со своите хитови сцената ќе ја размрдаат Џенифер Лопез, Рита Ора, Ашер, Дуран Дуран и многу други. Двочасовното шоу ќе го води Рајан Сикрест во Баркли центарот во Бруклин, Њујорк. Забавата ќе биде емитувана во живо на телевизискиот канал CBS.
„Fashion Rocks“, прв пат се одржа во Лондон во 2003 година. Потоа традиционално секоја наредна година манифестацијата ги живееше своите најдобри изданија се до 2009 година. Низ годините како највпечатливи останаа настапите на Бијонсе, Ријана, Џастин Тимберлејк, како и модните перформанси на Донатела Версаче, Џорџо Армани и Александар Меквин.
Оваа година деветти септември, вторник ќе биде денот кога „Fashion Rocks“ ќе се обиде да го врати својот ѕвезден сјај.