Една супер година со Superdry!

26 септември 2019

Супер активација за еден супер роденден

Британскиот бренд Superdry прославува една година во Македонија. За таа цел за сите љубители на брендот подготвивме интересен настан за една поинаква роденденска прослава. Бидете и вие дел од супер активацијата оваа сабота, 28 Септември со супер активности на Водно.

Фитнес тренерите од Kinetics Fitness Studio ќе се погрижат за најголемиот тренинг на отворен простор на врвот на Водно - Милениумскиот крст.
Ако сакате и вие да бидете дел од оваа супер активност подигнете го својот ваучер за учество во продавницата на Superdry во Скопје City mall на I кат и следете ја нашата агенда:

- 09.00 – 09.30 часот пријавување на сите учесници и подигнување на стартен пакет на почетната станица пред ОУ Кочо Рацин.
- 09.30 – 10.30 часот искачување до средно Водно.
- 11.30 – 12.30 часот вежбање со Kinetics fitness studio на врв на Водно.
- 12.30 - 14.00 забава на врв на Водно.

Ве покануваме сите заедно да прославиме и супер да се активираме оваа сабота на Водно. Секогаш модерни и во фит форма со Superdry.

 

Објавено:
26 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
248 пати
Тагови: 
Superdry