Едно ама вредно парче: „Живанши“ е брендот што ќари најмногу на „Супер Боул“

10 февруари 2021

Канадскиот музичар The Weeknd беше годинашнава ѕвезда на „Супер Боул“, барем кога е шоуто на полувреме во прашање.

Неговиот настап беше различно толкуван и доживуван, но од модна смисла мошне успешен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

За неговиот изглед се погрижи модната куќа „Живанши“. Поточно, тие го изработеа црвеното светкаво сако, кое беше искомбинирано со црни панталони, кошула, ракавици и црно-бели оксфордки.

Сосема во склад со неговиот имиџ, но и сосема податливо за комбинација со остатокот од екипата танчари со која настапуваше - тие носеа речиси идентична верзија на стајлингот + маски.

Можеби ќе речете дека е и премногу едноставно, но ќе признаете дека е ефектно, бидејќи оваа црвено-црна комбинација е доволно впечатлива.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

„Ми беше чест што имавме можност да го облечеме The Weeknd за неговото шоу. За мене, модата се состои во тоа во она што го носите да внесете уникатна лична нота, а тој успеа да ја оживее оваа комбинација со својата енергија, карактер и чувство за стил, изјави креативниот директор на куќата, Метју Вилијамс.

Не е само за изведувачите престиж да бидат одбрани за ова шоу што го гледаат милиони луѓе, подеднаква е борбата и честа и за модните брендови.

Не постои поголема реклама од тоа да облечете ѕвезда на „Супер Боул“. Некои статистики велат дека е дури поголема отколку појавувањето на „Оскарите“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

Воедно, треба да се има предвид и цената која „Живанши“ ја заштедува на некој начин или ако сакате ја вреднува со, во случајов, 250 часа рачна изработка.

Податоците велат дека годинава цената на тв реклама од 30 секунди изнесувала и до 5.6 милиони, што е за 5.25 милиони повеќе од 2019 година.

Во 1967 година пак, на првото издание на спортскиот настан, реклама од половина минута чинела помеѓу 37.500 и 42.500 долари. Па видете колку цената се зголемила низ годините.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GIVENCHY (@givenchyofficial)

 

Така, Живанши можеби имаа едно - но ќе се согласите, вредно парче кое ќе се памети и кое им донесе фантастичен публицитет и реклама.

Без разлика што се работи за бренд со репутација, на која ете можеби и не би му била потребна реклама, сепак за ваков престиж, гледаност и внимание битката е секогаш меѓу најдобрите.

 

Објавено:
10 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
153 пати