•
22 февруари 2022
Раперот Снуп Дог, кој деновиве во друштво на неговите хип-хоп колеги беше актуелен со спектакуларниот настап на полувремето на „Супер Боул", е ангажиран за новата кампања на Гучи посветена на колекцијата „Love Parade".
На фотографијата која беше објавена на официјалниот Инстаграм профил на брендот, раперот позира во зелено сатенско одело со кадифена машна и каубојски шешир.
Интересен еклектичен микс што одлично му прилега на музичкиот ветеран.
Во истата кампања на брендот се ангажирани и Мајли Сајрус, како и бренд амбасадорот Џаред Лето.
Зад фотографиите се потпишува фотографското дуо Мерт и Маркус.