„Супер Боул“: Хип-хоп ѕвездите го направија најдоброто шоу во историјата

14 февруари 2022

... Вака гласат впечатоците од публиката по одржаното финале на „Супер Боул“. Како што и беше најавено, шоуто на полувремето оваа година беше резервирано за хип-хопт ѕвездите од 90-тите и почетокот на новиот милениум.

Снуп Дог, Др.Дре, Еминем, Кендрик Ламар и Мери Џеј Блајџ ги испеаја некои од нивните најголеми хитови со кои растеа неколку генерации... Освен нивните настапи, за публиката имаа подготвено изненадување, а тоа беше настапот на 50 Cent.

Овие имиња се асоцијација за добра забава, за добра музика и шоу, па не изненадува фактот што дел од публиката беа и многу познати имиња - Принцот Хари и принцезата Јуџин, потоа Џенифер Лопез и Бен Афлек, Рајан Рејнолдс се само некои од оние кои со воодушевување го следеа годинашното шоу.

„Супер Боул“ е предизвик не само за изведувачите, туку и за дизајнерите. 

За изгледот на Мери Џеј Блајџ се погрижи дизајнерот Питер Данданс. Креацијата е изработена посебно за неа. Се работи за комплет од краток топ и панталони создадени од огледала кои формираат животински принт, а се ласерски сечени. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Peter Dundas (@peter_dundas)

 

Како изајви дизајнерот за „Ви-Ви-Ди“, со креацијата сакал да ја претстави личноста на Мери и во креацијата да изгледа како снежен леопард. Инаку, ова не е прво искуство на Дандас за „Супер Боул“, тој во 2020 година се погрижи за изгледот на Шакира, која настапи заедно со Џенифер Лопез.

И Кендрик Ламар настапи во дизајнерски стајлинг. Се работи за прилагодено парче, црно одело и свилена кошула, од последната колекција на Вирџил Абло за „Луј Витон“, во комбинација со кожени ракавици и чизми.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Idris A. (@alabigramm)

 

Црната боја беше изборот и на Др.Дре, Еминем и 50 Cent, додека Снуп Дог носеше сина тренерка со принт бандана, што е и очекуван стајлинг за него. Сепак, од NFL, не биле многу среќни за неговиот изглед, па како пренесува „Венити Фер“, се обиделе да го спречат да се појави така, тврдејќи дека на тој начин промовира припадност на банди.

Помеѓу другото, во американските медиуми се зборува многу и за клекнувањето на Еминем и Снуп Дог како гест со кој ја изразуваат поддршката за „Black Lives Matter“, што светската публика ја подели. Едни сметаат дека на ваков историски музички настан не му беше потребна политика, а други го дочекаа овој гест со аплаузи.

Кога се работи за рекламите, „Супер Боул“ повторно ги има најскапите, а годинава се снимаа со Џендаја, Андре 3000, Ана Кендрик, Арнолд Шварценегер и други...

На крајот, кога ќе се земе се' предвид, ова шоу навистина ќе остане запишано во историјата, пред се' поради фактот дека успеа да ги обедини најголемите хип-хоп ѕвезди на едно време.

Ако се' уште не сте го погледнале, одвојте 15-тина минути и потсетете се на младоста :)

 

 

Објавено:
14 февруари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.540 пати