Бијонсе доминираше на Греми наградите, а на црвениот тепих сребрената боја и светките

6 февруари 2023

Вчеравечер во Лос Анџелес, со сиот свој сјај, заблескаа музичките Греми награди по 65-ти пат. Бијонсе несомнено домираше на сцената и си обезбеди место во музичката историја како изведувач со најмногу освоени Греми награди.

Иако пејачката доцнеше на шоуто, навреме стаса за да ги подигне статуетките за најдобра R&B песна, најдобар денс/електронски албум и најдобра R&B изведба кои само допринесоа за вкупната бројка од рекордни 32 греми награди.

Хери Стајлс ја доби наградата за албум на годината за Harry's House, додека Адел ја освои својата 16-та греми награда, овој пат за најдобар поп перформанс.

Меѓу присутните беше и првата дама на САД, Џил Бајден, која на големо изненадување се појави во улога на презентер и ја врачи наградата за најдобра песна со социјална порака.

Годинава за прв пат се додели и награда за уметник кој дал најголем придонес за афроамериканската музика. Наградата, наречена Dr Dre ја доби самиот хип-хоп изведувач Доктор Дре и тоа на 50 годишнината од хип-хоп музиката.

Тејлор Свифт ја понесе наградата за најдобар музички спот за All Too Well: The Short Film.

Вчерашната ноќ беше исто многу значајна за Виола Дејвис која се приклучи на изведувачите кои освоиле Еми, Греми, Тони и Оскар, како Одри Хепберн, Џон Леџенд и Вупи Голдберг.

Актерката доби греми за нејзината аудиокнига за мемоарот Finding Me.

Што се однесува на модата, не можеше а да не се забележи доминација на сребрената боја и светките што красеа голем број на впечатливи стајлинзи.

Бијонсе, Лизо, Виола Дејвис, Хери Стајлс, Мери Џеј Блајџ, Парис Хилтон... со своите комбинации внесоа еден диско вајб, а оние кои одеа на сигурно ја одбраа безвременската црна комбинација.

Тејлор Свифт, како и Џенифер Лопез одбраа елегантни тоалети во боја на мастило, додека екс супермоделот Хајди Клум го истакна својот сексипил во фустан со интересен златен дезен.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BardiGvng‼️ (@bardigvng4)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by celebiglove (@celebiglove)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rolling Stone (@rollingstone)

Фото: Getty, Instagram

Објавено:
6 февруари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
487 пати
Тагови: 
Греми награди