Греми наградуваната дива Бијонсе уште еднаш ја покажа својата генијалност. Но, овој пат тоа не беше моќна изведба на песна, туку уникатни модни креации кои што ги создаде заедно со креативниот директор на Балман.
Кралицата Би, по одлично завршената работа, рамо до рамо со Оливие Рустенг, позираше за насловната на францускиот Вог.
За да ги создадат 16 дизајни, Оливие се инспирираше токму од 16-те нумери на последниот албум на Бијонсе, што резултираше со уникатен концепт наречен Renaissance Couture.
Токму една од креациите на насловната носи и пејачката, фустан што ги следи линиите на нејзиното тело, заедно со шешир во истиот дезен.
На една од фотографиите Бијонсе ја гледаме заедно со Балман кој нежно ја бакнува во образот додека таа се смее со затворени очи.
На колекцијата се работеше цели пет месеци, а покрај Бијонсе и креативниот тим на Балман, вклучена беше и стилистката на ѕвездата Марни Сенофонте.
Екстравагантната колекција вклучува сè, од сребрени, светкави костуми до везени тоалети, а најмногу се истакнува дизајнот - "лустер".
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instargram