Бијонсе облече дизајн на познат балкански дизајнер за актуелната светска турнеја

29 август 2023

Познатиот хрватски дизајнер Јуриј Зигман ја облече Бијонсе за еден од нејзините концерти во рамки на актуелната светска турнеја „Renaissance".

Пред и официјално да бидат објавени фотографии од футуристичкиот костим што Бијонсе го носи на концертот во Аризона, дизајнерот и самиот се пофали со објава на видео од костимот на неговиот Инстаграм профил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ZIGMAN (@zigman_official)

 „Никогаш не ни помислував дека ќе го напишам ова, толку сум воодушевен што самата кралица Бијонсе носи креација Зигман на својата турнеја", се вели во дел од изјавата на дизајнерот што ја следи објавата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ZIGMAN (@zigman_official)

На инстаграм профилот на Бијонсе пак, пред два дена беа објавени и официјалните фотографии на кои таа позира и настапува во авангардниот сценски костим со футуристичка естетика.

Инаку Зигман важи за еден од најуспешните хрватски дизајнери кој соработувал со низа светски ѕвезди. Меѓу познатите кои носеле негови дизајни се и: Кристина Агилера, Ники Минаж, Рита Ора, Карди Би итн.

Фото: Инстаграм

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Објавено:
29 август 2023
Категорија: 
Актуел