Бијонсе ја најави светската турнеја со провокативна фотографија на Инстаграм

1 февруари 2023

Бијонсе официјално ја најави новата светска турнеја за 2023 година, со провокативна фотографија на Инстаграм која за неполн час собра над два милиони допаѓања.

Турнејата ќе го носи називот од нејзиниот последен албум „Renaissance", а нејзина прва дестинација ќе биде Европа, односно Стокхолм каде ќе настапи на 10-ти мај, по што ќе следуваат повеќе европски метрополи: Париз, Амстердам, Лондон, Франкфурт, Варшава... а во јули ќе продолжи и во Америка.

Неколку дена претходно, Бијонсе одржа милионско шоу во Дубаи, по што започнаа шпекулациите дека се подготвува за светска турнеја.

Ова е големо концертно враќање на греми наградуваната музичка ѕвезда, по пауза од 2018-та година кога беше актуелна со светската турнеја „On the run" во рамките на која одржа 48 концерти.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Објавено:
1 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
351 пати