Супер Боул: Хип хоп ѕвездите од 2000-те задолжени за годинашното шоу

24 јануари 2022

Најновото 56 издание на „Супер Боу“ кое ќе се одржи на 13 февруари годинава, е при крај со подготовките. Одамна веќе тоа не е само спортски настан, па да се настапи на шоуто на полувремето за многу изведувачи е огромен скок во кариерата и чест.

Годинава тоа ќе бидат повеќе изведувачи, со кои ќе се оддаде почест на хип-хоп културата. Сцената ќе ја делат повеќе изведувачи кои го одбележаа почетокот на новиот милениум.

Еминем, Мери Џ. БЛиџ, Кендрик Ламар, Снуп Дог, Др. Дре со нивните најголеми хитови ќе ја забавуваат публиката. 

Воедно, ова ќе биде првото шоу во историјата на овој настан каде дури пет изведувачи, повеќекратно наградувани и популарни ќе настапат заедно.

А еве ја и најавата:

 

 

Објавено:
24 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
123 пати