Ејми Шумер преку селфи ја покажа лузната од царскиот рез

1 февруари 2021

Ејми Шумер  отсекогаш се трудела на комичен начин да покрене внимание за многу важни општествени теми. 

Такво беше и нејзиното последно селфи. На сликата не се гледа нејзиниот лик, а градите ги крие со раката. Но, фокусот е ставен на лузната под стомакот која ја доби при пораѓајот со царски рез. А под фотографијата, Ејми во нејзин стил напиша: Имам чувство дека лузната од царски ми изгледа симпатично денес!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @amyschumer

39 годишната Ејми во мај 2019, стана мајка на малиот Џин.

Фановите веднаш ја поддржаа Шумер за споделување на нејзината фотографија како и за прикажување на реалната слика и последиците од царскиот рез. ,,Прекрасно тело. И јас требе повеќе да си ја сакам својата лузна", ,,Ти благодарсм што направи да се чувствувам подобро во врска со мојата", ,,И јас имам лузна и знам дека без неа, не би го имала моето мало девојче" - звучеа некои од коментарите под фотографијата

Објавено:
1 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
538 пати