Последниве 15 години царскиот зафат е се попопуларен кај младите трудници. Посакуваат да ги избегнат болките како и ризикот при породувањето и тоа е причината зошто се одлучуваат на хируршки зафат. Но, и тој има свои маани и недостатоци. Во споредба со природното породување, кое оди со помалку лекови како и помал број денови поминати во болница, царскиот зафат не е крајно без никаков ризик. Затоа и докторите препорачуваат ако не е крајно потребно, да се породува по природен пат. Кои се недостатоците на царскиот рез?

1. Подолго опоравување поради анестезијата, оперативниот зафат како и лековите кои се препишани, а мора да се примат за периодот после породувањето.

2. Зголемена можност од инфекции, крварења и тромбоза. За разлика од природниот начин, царскиот рез ги зголеми факторите на ризик од инфекции, од внатрешна и надворешна страна на зафатот. Во некои случаи може да се појави силна инфекција и дополнителен хируршки зафат, како и поголема доза на антибиотици.

3. Во многу случаи жените после царскиот рез се здебелуваат и тоа во регијата под самиот зафат. Се жалат и на  отсуство на чувство за допир во  долниот дел од стомакот.

За да ги одбегнете овие последици и трауми после овој вид на породување, може да внесете некои нови нешта во вашата рутина.

1. Почнете да се шетате редовно неколку месеци после породувањето.
Ќе ви помогне да ја одржувате флексибилноста на вашето тело и ќе ви помогне да не се чувствувате вкочането.

2. Може слободно да започнете со редовно вежбање поради флексибилноста на вашето тело.

3. Задолжително земајте ги лековите онолку долго колку што ви ги препишал вашиот доктор се со цел да ги спречите постпородилните инфекции и други компликации.

4. Редовно одете на прегледи, не ги избегнувајте.


Како заклучок на целава приказна е дека ако веќе сакате да се породите со царски рез тоа треба да го направите ако е навистина потребно, а не само со причина да ја избегнете болката која ви следува ако се породувате по природен пат. На крајот, зошто да ризикувате ако тоа не ви е потребно? Одлуката е секако ваша, но треба да ја донесете откако ќе ги исцрпите сите добри и лоши аспекти на царскиот рез.

 

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Без категорија
Прочитано:
4.092 пати