Супер брендот за 2014-та година, модната куќа Елена Лука чекорејќи паралелно со светските тенденции, комплетно ќе го промени изгледот на својот продажен салон во Скопје Сити мол. Актуелната сезона есен-зима 2014/15, Елена Лука ќе ги отвори вратите за своите клиенти, пријатели и соработници во еден нов амбиент што ќе ја донесе естетиката на ентериерите препознатливи за светските модни брендови.
Секогаш со одмерена доза на луксуз, препознатлива автентичност и софистицираност, стилот на Елена Лука ќе биде пресликан и во еден нов, урбан, модерен и пријатно уреден ентериер со цел клиентите комплетно да уживаат при изборот на своите омилени парчиња од новите колекции на брендот.
Неодамна Елена Лука ја промовираше и својата авангардна колекција „ELigion“ за актуелната сезона, а веќе од модната куќа најавуваат и нови проекти кои наскоро ќе и бидат презентирани на јавноста.