Elena Luka Home во хумана акција со Црвен крст

17 декември 2014

Црвениот крст на град Скопје и Студио Модерна вчеравечер во Chicago Club & Restaurant им доделија благодарници на сите нивни партнери што учествуваа во хуманитарната акција „Разбудете се хумани 6 – Заедно до дома“, во која беа собрани средства за целосно реновирање на два дома на социјално загрозени семејства.

Дел од средствата, односно материјали за надворешна изолација за реновирање на куќите беа донирани и од Elena Luka Home, кои добија и посебна благодарница за нивниот придонес во хуманитарната акција.

Во хуманитарната акција на Црвениот крст беа вклучени и дел од нашите познати личности меѓу кои и Тони Зен, Влатко Лозаноски и Кирил Трајковски – Максим како лидери на проектот.

Акцијата беше организирана од страна на волонтери на Црвен крст кои поделени во тимови на терен и со претходно направена конкретна проценка на потребите на целните групи, ги обезбедија неопходните материјали и финансии за одговор на потребната санација на домовите.

Инаку, станува збор за два дома на социјално загрозени семејства кои живеат во екстремно лоши услови, а кои поради финансиски можности досега немале можност за реновирање.

Од Црвениот крст и Студиото Модерна посочија дека се отворени за сите нови идеи, предлози и иницијативи, сѐ со цел унапредување и брзо реализирање на нивната примарна цел – подобрување на условите на живот на загрозените семејства.

Објавено:
17 декември 2014
Категорија: 
Актуел