Елена Лука ја обои Будва во топлите бои на летото

3 јуни 2014

Изминатиов викенд Будва пулсираше во ритамот на модата. Покрај сензационалната ревија на Вивиен Вествуд на која присуствуваше и тим од модната куќа Елена Лука, македонскиот моден бренд  на присутните гости им го доближи својот сензибилитет преку симболични подароци и презентација на дел од својата летна програма аксесоари – качкети , чии бои ги милуваа звуците на морето и топлиот песок.

Елена Лука го отвори својот „showroom“ во хотелот Монтенегро во Будва. Посетителите во нејзината соба, можеа да се запознаат со брендот, со неговата слика кон светот и нејзиното создавање. Фотографиите ги пренесуваат воодушевувачките погледи и насмевки кои создадоа нови пријателства со брендот Елена Лука.  Добредојдени гости беа  и манекенки, организатори и соработници на Вивиен Вествуд, но и туристи од различни страни на светот.

 

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Актуел