Елена Трајановска сними рекламна кампања за Samsung S6

18 јуни 2015

Македонскиот топ модел Елена Трајановска сними уште една одлична рекламна кампања во Токио, овојпат за светскиот гигант Samsung. Таа изгледа прекрасно во друштво на уште две слатки девојчиња, додека се фотографираат со новиот мобилен од серијата S6.

Имено, полека завршува нејзиниот престој во Токио, поради што нејзината матична агенција ѝ приредила големо изненадување со забава за испраќање.

Во нејзините последни денови од престојот таму, таа сними две насловни страни за магазините Richesse и InRed Magazinе и фантастичен едиторијал за Chelien.

Веднаш по Токио, Елена почнува со ангажмани во Париз и Њујорк каде ја очекуваат многу нови и големи проекти.

„Елена прерасна во неверојатен професионалец и модел кој успешно и со леснотија се носи со секој следен проект, со тоа дефинитивно нѐ прави неверојатно горди“, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН.

Објавено:
18 јуни 2015
Категорија: 
Актуел