Ема Хил го напушта Мулбери, Џејсон Ву нов креативен директор на Хуго Бос

10 јуни 2013

Модниот свет денес беше во знакот на две вести поврзани со ангажманите на дизајнерите во големите модни куќи. Прво британскиот весник The Telegraph објави дека американскиот дизајнер Џејсон Ву ќе се најде на нова позиција на креативен директор на женската колекција на брендот Хуго Бос. Неговата прва колекција под името на овој германскиот бренд ќе биде онаа за сезоната пред-зима 2014, а првата ревија ќе биде премиерно прикажана следната година на модната недела во Њујорк. Паралелно со работата на брендот Хуго Бос, Ву ќе продолжи да креира и за сопствената линија што ја основа во 2007 година, а која стана доста популарна откако Првата дама на САД, Мишел Обама, на двете претстедателски инаугурации носеше негови фустани.

 

Џејсон Ву Џејсон Ву

 

Ву ќе ја креира женската линија на Хуго Бос Ву ќе ја креира женската линија на Хуго Бос

 

Другата вест се однесува на раскинувањето на договорот меѓу дизајнерката Ема Хил и британскиот бренд Мулбери. Според Women’s Wear Daily креативната директорка на брендот занимува од ова место поради несогласувања со менаџментот околу поделбата на креативната и оперативната стратегија на Мулбери. Хил првата колекција за Мулбери ја претстави во 2008 година, а беше задолжена за главната женска колекција и за колекциите на капути, чевли, накит и модни додатоци. Токму за време на нејзиното креативно  водство популарни станаа чантите на брендот, особено моделот „алекса“ инспириран од британската водителка и трендсетерка Алекса Чанг.

Ема Хил Ема Хил

 

Алекса Чанг и моделот чанта што го носи нејзиното име Алекса Чанг и моделот чанта што го носи нејзиното име

 

 

Објавено:
10 јуни 2013
Категорија: 
Актуел