Емили Ратајковски во секси издание за Revolve
•
8 јули 2015
Откако минатото лето беше заштитно лице на брендот Revolve, атрактивната Емили Ратајковски е нивниот прв избор и за оваа летна сезона.
Во куси парчиња, летни фустани и костими за капење, Ратајковски уште еднаш покажа зошто е еден од омилените модели на денешницата. Низ фотографиите таа сосема го претставува летниот сексапил, кој веруваме секоја жена посакува да го има. Со бохо нота, Revolve верува дека токму нивните парчиња ќе бидат омилениот избор на младите девојки.
Погледнете: