Емилио Пучи со свој бутик на познатиот плоштад Spagna во Рим

31 јули 2013

На површина од 150 метри квадратни, на две нивоа, да не знаеш на што повеќе да се восхитуваш, на ентериерот, колекциите облека или модните детали.

Желбата на модниот гуру Емилио Пучи конечно се оствари, тој го отвора својот нов бутик на фамозниот плоштад  Spagna во срцето на италијанската престолнина. Визуелниот момент и декорацијата е дизајнирана од страна на Џозеф Пучи Диранд, чија инспиративна муза беа историските палати во Фиренца.

Подот има геометриски дезени кои се слични на оние што се наоѓаат на Базиликата во Фиренца, а датираат од 1966 година. Мермерните плочи се во различни бои за да му се додаде живост на просторот, а ѕидовите се со дрвени полици и специјално резбан бронзен мебел.

 

Објавено:
31 јули 2013
Категорија: 
Актуел