Во последниот број на магазинот „People" ќе го прочитате ексклузивното интервју на Мадона за мајчинството, за нејзината хуманитарна организација „Raising Malawi", за предизвиците со кои се соочувала во процесот на посвојување на нејзините деца од Малави и целата емотивна авантура во која таа е вистински борец.
За ова интервју Мадона ги отвора вратите на својот приватен живот и дозволува екипа од „People" да ја придружува во Малави на 11 јули кога таму ја отвора првата национална специјализирана детска болница.
На насловната страна Мадона е сликана со четирите посвоени деца: двете мали близначиња Естер и Стела, синот Дејвид Банда и ќерката Мерси Џејмс, а на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографии на кои им се придружуваат и нејзините две биолошки деца, Лурдес Леон и Роко Ричи.
И покрај тоа што таа е една од најплатените артисти на сите времиња, во приватниот живот е обична мајка или „Мамбо" како што ја викаат четирите помали деца.
Минатото лето таа повторно помина низ процесот на посвојување за кој во интервјуто вели дека бил навистина ригорозен: Бидејќи сум јавна личност, луѓето не сакаат да се добие впечаток дека имам било каков специјален третман, затоа го изодев потешкиот пат. Комплицирано е, но толку многу вреди!
Фото извор: People, Инстаграм