И Мадона на страна на Елтон Џон

20 март 2015

The 57th Annual GRAMMY Awards - Telecast

Војната помеѓу Долче и Габана и Елтон Џон сè уште трае. Всушност зема сè поголем замав, па голем број од познатите личности јавно ја даваат својата поддршка на едната или другата страна.

Се огласи и поп-иконата Мадона. Таа се најде и во улогата на заштитно лице на Долче и Габана во 2009 и 2010 година, а  не е тајна дека е добра пријателка и со Елтон Џон. Мадона има две посвоени деца, го изрази својот став по тоа, дали геј популацијата треба да има или не деца:

„Сите бебиња имаат душа, без оглед на тоа како пристигнуваат на земјата и во нивните семејства. Нема ништо синтетичко во душата!!! Како можеме да ги игнорираме инвитрото и сурогат мајчинството? Секоја душа што доаѓа, има за цел да нè научи на лекција. Господ ги вмешува своите прсти во сè, па дури и во технологијата! Арогантни сме ако мислиме дека Човекот прави сè сам. Размислувајте пред да зборувате.....??#livingforlove“, е ставот на пејачката, кој го објави на Твитер под фотографијата што беше дел од кампањата на Долче и Габана за зима 2010/11.

madona 1

За тие што можеби не се во тек, пред неколку дена Стефано Габана објави статус дека децата родени со вонтелесно оплодување се синтетички. Тоа многу го налути Елтон Џон, кој на тој начин доби две деца. Музичарот толку се разбесне што јавно изјави дека никогаш нема веќе да купува облека од модното дуо и повика на општ бојкот на брендот.

Хаштагот #BoycottDolceGabbana брзо се рашири на социјалните мрежи, а на страната на музичарот застанаа многу познати личности, меѓу кои Викторија Бекам, Рики Мартин, Рајан Марфи, Кортни Лав...

SNE3023MA-620_1736648a

Но и модното дуо го возврати ударот.

„Елтон Џон е фашист!“, напиша неодамна Стефано Габана на Инстаграм профилот и повика на бојкот на Елтон Џон, со нов хаштаг #BoicottEltonJohn!

Многумина овој гест на модниот дизајнер го толкуваат како последица на стравот дека лутината на Елтон Џон и неговите поддржувачи поради непромислените изјави ќе им создаде проблеми во продажбата/

„Никогаш немав намера некого да осудам“, вели Стефано, а Долче во интервју за еден италијански весник го дополнува и брани: „И ние сакаме да имаме деца, но не очекувавме бојкот од интелигентен човек како Елтон Џон. Неговите напади се фашистички. Проповеда разбирање и толеранција, а потоа ќе каже нешто такво, само затоа што некој мисли поинаку од него. Зошто бојкот? Затоа што не мислат како нас? Па не сме во среден век. Ова е 2015“.

The-history-of-Dolce-and-Gabbana-in-numbers

На прашањето, дали овој проблем навистина може негативно да се одрази на профитот на модната куќа, модното дуо вели дека помалце ќе изгубат отколку што ќе добијат:

-Ќе изгубиме некои обожаватели на Елтон Џон, но сметаме дека на тоа сега ќе придобиеме некои други мајки. Кој знае – вели Долче.

Модното дуо имаше повеќе интервјуа во повеќе медиумми последниве неколку дена, каде имаа шанса да ги објаснат своите ставови и да ги ублажат:

-Верувам во традиционално семејство. Невозможно е да ја сменам мојата култура за нешто поинакво. Тоа сум јас... Го почитувам светот, сите култури – изјави Габана.

dolce

-Ги сакаме геј двојките. Ние сме геј. Сакаме посвојување во хомосексуални заедници. Ние сакаме сè. Тоа е само експресија на моето приватно, лично гледиште и став. Многу јасно сум свесен за фактот дека има и други типови семејство и тие се исто легитимни како и оние што јас ги познавам. Ние веруваме во слобода и љубов – вели Долче

Сепак, тука не стивнуваат работите.

Пред нивната продавница во Лондон протестираа 50 геј бранители на човекови права, со образложение дека ова модна двојка има двојни стандарди:

-Неподносливо е некој да направи милиони благодарение на геј популацијата шриум светот, а потоа да се сврти и да ги навредува нашите семејства. Тие ни забија нож во грб – вели борецот за човекови права, Питер Тачел.

Вниманието на јавноста го привлече и фотографијата на која се гледа дека Елтон Џон пазари во кеса Долче и Габана, само неколку дена по објавениот бојкот. Но, набргу следеше обраќање од неговата служба за јавност:

5e881-article-2999023-26bc7d9300000578-511_964x433

„Тој носеше нивна торба, но не купуваше од кај нив. И тоа не треба да го оттргне вниманието од оригиналната порака или бојкот“, се вели во соопштението.

Каков ќе биде понатамошниот тек на оваа приказна, останува да видиме.

Објавено:
20 март 2015
Категорија: 
Сцена