Ен Хатевеј се приклучи кон предизвикот со перниците и веројатно е победникот

23 април 2020

Иако нам овој предизвик со перници што периодов кружи низ Истаграм, како „карантинска мода“ и не ни баш омилен, изгледа дека зема сериозен замав, па од блогерки се прошири и на познати личности.

И додека едни тоа го сфаќаат премногу сериозно, некои одлучија да се забавуваат.

Актерката Ен Хатевеј е од овие вториве. На својот инстаграм профил сподели своја верзија на предизвикот. Таа направи стајлинг од перници за ликот кој го толкуваше во филмот „Дневникот на принцезата“, Миа Термополис.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway) onApr 22, 2020 at 7:52am PDT

 

„Кралицата никогаш не доцни. Сите други се дојдени порано“, стои под фотографијата.

Со комбинација од сини и бели перници, секако со ремен, во комбинација со сини крилја, очила за сонце и слушалки, доколку би морале да бираме победник на овој предизвик, тоа веројатно би била таа.

 

Објавено:
23 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.503 пати