Европското фудбалско првенство е во „тренд“, а ние ги следиме трендовите па дури и кога е фудбалот во прашање.
Покрај резултатите и најдобрите моменти од натпреварите, дел од светските медиуми се позанимаваа и со бројките и тоа кој е најскапиот тим на првенството, најскапиот играч, а најдовме информација и за тоа кој е најскапиот дрес.
Според бројките, англиската репрезентација е најскапата на европскиот шампионат. Вредноста на играчите се проценува на 751.6 милиони евра. Оваа бројка е базирана на алгоритам што вклучува возраст на играчите, должина на договорот, постигнувањата, играта и искуството.
Меѓу англиските репрезентативци пак, најплатен е Хари Кејн – 112.5 милиони евра. Тоа е повеќе дури и од вредноста на целата шведска репрезентација, чија вредност пак се проценува на 106.1 милиони евра.
Репрезентацијата на домаќинот Франција се проценува на 696.6 милиони евра, со што го обезбеди второто место за најскап тим. Шпанците се трети со 638.9 милиони евра, а Германците четврти со 601.4 милиони евра.
Кога се играчите во прашање, без некои големи изненадувања, португалскиот репрезентативец Роналдо е најплатениот играч на првенството со 137.8 милиони евра, што е повеќе од целиот тим на Аврстрија. Всушност, парите што ги добива тој за ова првенство се повеќе од дури 12 репрезентации.
А кога се дресовите во прашање, само 14 од вкупно 24 земји се достапни за онлајн купување. Според тие цени, дресовите (се мисли на горниот дел од дресот) на шведската репрезентација се најскапи и чинат 91 евро.
Потоа следат дресовите на Австрија, Белгија и Германија што чинат околу 85 евра. Обожавателите на Шпанија ќе можат да го купат дресот за околу 75 евра, додека оние на Италија за 70 евра.
Целата листа погледнете ја во продолжение:
Албанија - 77.16 евра
Австрија - 84.73 евра
Белгија - 84.73 евра
Чешка – 40 евра
Англија - 75.65 евра
Германија - 84.73 евра
Италија – 70.35 евра
Северна Ирска - 69.34 евра
Република Ирска - 69.85 евра
Романија - 42.87 евра
Русија – 60 евра
Шпанија - 74.77 евра
Шведска - 91.16 евра
Велс - 69.34 евра