Фудбалската федерација на Македонија денеска ги промовираше дресовите кои нашите репрезентативци ќе ги носат на претстојното Европско првенство.
Новиот дизајн е достапен во три варијанти - црвена, бела и црна.
Веднаш по објавувањето, се појавија и бурни реакции.
Дел од јавноста смета дека дресовите воопшто не се добри, посочувајќи дека не треба да изостанува сонцето и црвено-жолтата комбинација од државниот симбол. Други пак сметаат дека, дизајнот е современ, па дури и трендовски, ако се земат предвид дресовите на останатите репрезентации од Европското првество.
Она што е највпечатливо на новите дресови се контурите на балканскиот рис, воочливи во предниот дел на дресот.
Рисот е еден од националните симболи на Македонија, но и симбол на македонската фудбалска репрезентација, но сепак дел од јавноста не се согласи дека треба да се најде на дресот.
Какво е вашето мислење?
Погледнете ги дресовите:
За потсетување, Европското првенство во фудбал започнува на 11 јуни, а Македонија своето деби на континенталниот собир ќе го има на 13 јуни во Букурешт, каде ќе игра против Австрија.