Долгонајавуваната соработка на J.Crew со Софија Вебстер конечно се случи. Дел од тоа можеше да се види во текот на модната недела во Њујорк, а комплетната колкеција за пролет-лето 2014 сега е достапна цела и веќе е во продажба.
Она што се очекуваше се женствени модели со многу бои и дезени, а токму тоа и го добивме.
-Бев воодушевена кога Џена ми се јави и ми предложи да дизајнирам колекција за J.Crew. Брендот има навистина одличен смисол за забава и бои, што многу ми се допаѓа и сметам дека моите дизајни одлично се вклопуваат со нивната облека - вели британската дизајнерка.
Но, задоволството е обострано.
-Софија Вебстер е една од највозбудливите и најталентираните британски дизајнери. Нејзините челви се како минијатурни сетови - прекрасен свет за вашите стапала за да го поминете денот во него. Секој чифт чевли раскажува посебна приказна - изјави Џена Лајонс, директорот на бренто J.Crew.
Цената на ова уживање за нозете се движи од 320 до 695 американски долари.
Во продолжение погледнете ја колкецијата: