На својот 70-ти роденден, познатата модна инфлуенсерка Меј Маск се најде на насловната страна на престижниот Harper's Bazaar! Во интервјуто за магазинот ќе каже дека никогаш во животот не очекувала дека ќе биде моден инфлуенсер, а најмалку дека ќе се најде на насловна страна.
Но, таа веќе во осмата деценија на својот живот е една од најинспиративните и највлијателните модни икони.
Во разговорот за интервјуто, Меј открива неколку интересни моменти за себе.
„Од Јужна Африка, каде што и пораснав, се преселив во Торонто пред 28 години. Живеев во изнајмен апартман со моите три деца, кога ја запознав, сега мојата најдобра пријателка, Џулија Пери која е стилист. Тогаш за себе сметав дека добро се облекувам. Но, еден ден таа ми кажа: Мора да почнеш да се облекуваш подобро. Извади се од мојот плакар, освен шест аутфити. Тогаш можев да си дозволам да купам само еден костум, две маички, пар чевли и чанта. Го комбинирав тоа секој ден се додека не можев да си дозволам повеќе", раскажува Меј.
Во интервјуто, Меј зборува и за своите три деца, кои сега се успешни и независни личности.
„Многу често се смееме и се собираме заедно", вели за релацијата со нејзините деца.
Бидејќи е самохрана мајка, додека сè уште децата зависеле од неа, работела од дома и со успешна организација на времето, успевала доволно да им се посвети во целиот процес на нивното растење.
Сега Меј е и баба на 10 внуци, па најголем дел од слободното време го поминува со нив, но и на Инстаграм каде е вистинска ѕвезда благодарение на нејзиниот беспрекорен стил што инспирира милиони жени ширум светот.
Целото интервју може да го причитате на Harper's Bazaar.