Фарел Вилијамс склучи договор со јапонскиот бренд Unqlo
•
4 март 2014
Јапонскиот бренд за кежуал облека UNIQLО и музичарот Фарел Вилијамс склучија договор за соработка од кој ќе лансираат нова колекција во рамките на брендот „Pharrellto“. Колекцијата ќе вклучува машки и женски спортски маички и шапки кои ќе бидат пуштени во продажба кон средината на месец април. Фарел исто така ќе се појави и во рекламната кампања за колекцијата за која во позадина ќе биде употребена неговата песна од новиот албум насловена „Girl“.
Новата колекција на Вилијамс и Unqlo ќе биде достапна со 14 различни земји низ целиот свет, вклучувајќи ја и Англија.