Ешли Бенсон, Софи Тарнер, Хајди Клум, Рита Ора се само дел од познатите ѕвезди кои го искористија Инстаграм како предупредување за напливот на естетски зафати и пластични операции со кои се извитоперува ликот.
View this post on Instagram
Филтерот Pillow Face е креација на Џонатан Аугусто, а ќе ви даде пополнети усни, подигнати јаболчници и измазнето чело.
,, Гледам премногу луѓе на Инстаграм кои користат пластична хирургија - форуми на кои се зборува за какви зафати направиле познатите ликови, доктори кои објавуваат ,,пред и потоа" фотографии," изјави Аугусто.
Името Pillow Face е инспирирано од називот кој докторите го користат за лице со премногу филери. Такви лица имаат Мадона, Кортни Кокс и Доли Партон.
Докторите пак велат дека луѓето не треба слепо да го посакуваат она што го гледаат на Инстаграм.