Стефани Гесингер е новиот топ модел на Германија

9 мај 2014

Прекрасната 17 – годишна Стефани Гесингер е новиот топ модел на Германија за 2014 година. Вчеравечер во прекрасна атмосфера и луда забава за која се погрижи оригиналната Рита Ора, во срцето на Германија се одржа годинешниот избор на „Идниот германски топ модел 2014“.

Домаќинка на изборот беше прекрасната Хајди Клум, која воедно заедно со останатите двајца судии Волфганг Јуп и Томас Хајо, одбраа една од три финалистки на годинешното издание.

Шармантната Стефани Гесингер се најде во финалето заедно со двете останати, прекрасни девојки Ивана Теклиќ и Џолина Фуст која што всушност беше фаворит на овој избор. Двете девојки на крајот и честитаа на Стефани, посочувајќи дека победата била сосема заслужена, бидејќи Стефани имала огромен број на обожаватели.

На настанот одличен перформанс имаше американската сензација Рита Ора која на сцената се појави во кусо светкаво фустанче и отпеа неколку од нејзините најголеми хитови.

Покрај шармантните финалистки, вистинска конкуренција на Рита Ора вчеравечер и беше и водителката Хајди Клум која носеше секси бел долг фустан со шлиц и многу транспарентни делови.

Во продолжение погледнете како се одвиваше вечерта и погледнете и неколку фотографии од новиот германски топ модел Стефани за која допрва ќе слушаме.

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Актуел