Германската манекенка Хајди Клум во своето последно интервју за емисијата Acess Hollywood открива дека се плаши од пластични операции, но и дека планира да се повлече од модните писти.
-Нема повеќе да ме гледате на писта во костими за капење и долна облека. Сега се чувствувам многу непријатно, изјавува Клум, која оваа година го прослави својот 40-ти роденден.
Таа додава дека и понатаму планира да снима разни едиторијали и реклами, но не во провокативно издание.
Во текот на емисијата една од темите за дискусија била и пластичната хирургија, за која Хајди додава дека никогаш не ја пробала, а не планира ни во иднина.
-Никогаш не легнав под нож и морам да признам дека многу се плашам. Тешко би ми било да се погледнам во огледало и да видам нешто на кое не сум навикнала. Не можам да кажам дека си ги сакам брчките, но тие едноставно се попратни во животот. Наместо ботокс избирам шишки, вели Хајди.
Супермоделот моментално се занимава со дизајнирање облека, но ја води и емисијата Германски Топ модел, а неодамна објави дека го чека своето петто дете со сегашното момче, телохранителот Мартин Кристен.