Фондацијата Елена Лука отвори конкурс за стипендирање на средношколки и студентки

4 мај 2016

По проектот „Економско зајакнување на девојки и жени" што веќе е во процес на реализација, Фондацијата Елена Лука денеска објави нов конкурс за стипендирање на 10 средношколки и студентки.

Конкурсот се однесува за учебната 2016/2017 година, на избор од пет ученички запишани во прва година во јавните средни училишта во Македонија и пет стипендии на редовни студентки запишани во прва година додипломски студии на јавните универзитети и високообразовни установи во нашата земја.

Во продолжение се сите детални информации за условите што апликантите треба да ги исполнуваат и документите што треба да бидат доставени при аплицирањето:

Услови за доделување на стипендии на редовни студентки

Право на стипендија имаат кандидатките кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да завршиле средно образование, со примерно поведение и одличен или многу добар успех;
2. Да се запишале на додипломски студии на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија
3. Да се жители на Општините: Чашка, Шуто Оризари, Могила, Центар Жупа, Лозово;
4. Да се државјани на Република Македонија;

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

1. Пријава од апликантите (Пријавата може да се подигне кај доленаведените соработници)
2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелства од средно образование;
4. Потврда за редовен студент;
5. Уверение за семејно и материјална положба;
6. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството (во последните три месеци);
7. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството;

Дополнително апликантките можат да достават документ кој потврдува освоени награди на општински или државни натпревари. Избраните кандидати ќе треба да достават во оригинал извод и сведителства на увид.

Услови за доделување на стипендии за средношколки

Право на стипендија имаат кандидатките кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да завршиле редовно основно училиште;
2. Ученички со примерно поведение;
3. Ученички со одличен или многу добар успех;
4. Да се жители на oпштините: Чашка, Шуто Оризари, Могила, Центар Жупа, Лозово;
5. Да се државјани на Република Македонија;

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

1. Пријава од апликантите (Пријавата може да се подигне кај доленаведените соработници)
2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените;
3. Фотокопија од свидетелство од последната учебна година;
4. Потврда од средното училиште дека ученичката е запишана како редовен ученик во прва година;
5. Уверение за семејно материјална положба;
6. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството (во последните три месеци);
7. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството;

Дополнително апликантките можат да достават документ кој потврдува освоени награди на општински или државни натпревари. Избраните кандидати ќе треба да достават во оригинал извод и сведителство на увид.

Пријавата со потребните документи се доставуваат до:

Општина Чашка - Лидија Пљакова
lidija.pljakova@caska.gov.mk
тел: 075 47 27 47

 Општина Центар Жупа - Фадрија Мустафовска
radikade@yahoo.com
тел: 070 325 380

Општина Могила - Магдалена Гулевска
gule_magda@hotmail.com
тел: 076 230 853

Општина Лозово - Марија Моневска
monevskam@yahoo.com
071 370 661

Општина Шуто Оризари - Љатифе Шиковска
sikovska@yahoo.com
ambrelaoffice@gmail.com
тел: 078 264 454

Рокот за поднесување на документите е 08.07.2016 год.

 

Објавено:
4 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
441 пати