Франција одлучи: Збогум на фотошопот!

2 октомври 2017

Франција вчера донесе одлука секоја комерцијална фотографија што ќе биде дигитално обработена, особено во насока манекенките да изгледаат послабо, ќе биде означена со етикета.

Така на секоја фотографија која ќе подлежи на Фотошоп ќе стои „Фотографијата е ретуширана“.

фото извор: bbc.com

Оние што нема да го почитуваат новиот закон ќе треба да издвојат 37.500 евра (почетна сума) или 30 проценти од цената на создавањето на рекламата.

Кон овој закон на француската владасе приклучи и агенцијата Getty Images. Оттаму се изјаснија дека сите идни фотографии со модели, кои се фотошопирани за да изгледаат послабо или покрупно, ќе бидат остранети.

„Таквите промени се неприфатливи и имаат директно влијание на борбата против стереотипи“, велат од агенцијата.

фото извор: Vogue.com

Ова правило не се однесува и на измената на боја на коса, ретуширање на нос, измазнување на лицето...

Своето мислење го изнесе и Владата на Франција.

„Ако младите луѓе постојано се изложуваат на нереалистични фотографии на тела, тоа кај нив може да предизвика ниска самодоверба и себепотценување, што пак, може да влијае и врз нивното однесување“, потенцира министерката за здравство, Марисол Турен.

фото извор: Popsugar.com

За  потсетување, од овој закон секако не се поштедени ниту модните куќи. Нив им е наредено дека не смеат да ангажираат модели со конфекциски број 34 или помал од тоа, како и тоа дека манекенките ќе мора да изложат потврда од доктор дека не се неухранети и изложени на тој ризик.

Сен Лоран минатата година се најде на удар поради преслабите модели во дел од своите кампањи.

фото извор: Popsugar.com

Моделот Емили Ратајковски неодамна се пожали на магазинот „Мадам Фигаро“, чија најнова насловна ја краси, дека во фотошоп ги намалиле градите и усните.

фото извор: refinery29.com

Инаку, прва земја која воведе вакви измени е Израел, а сè почестиот и поголем проблем со анорексијата во Франција беше поттик за еден ваков чекор.

Објавено:
2 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
301 пати