Кожените здолништа задолжителни за оваа есен

23 август 2017

Ако го правите списокот за тоа со што би сакале да се подновите претстојнава сезона, тогаш кожените здолништа треба да се дел од него.

Според модните инсајдери ова е еден од трендовите што се провлекува речиси секоја сезона есен-зима, но овој пат успеа да се искачи на врвот. Новитетот е што во есенските месеци ќе ги носиме во боја.

фото извор: Popsugar.com

Покрај стандарните сиви, црни и кафени нијанси, модните стручњаци потенцираат дека би било одлично да инвестираме во кожено здолниште во боја – окер, корална црвена, виолетова, беж, зелена...

Многу жени го сакаат ова парче, бидејќи пред сè, се чувствуваат секси кога го носат, а второ е што можат да го комбинираат и во деловниот стил, но и кога одат на некоја забава или вечера.

фото извор: Popsugar.com

И оваа есен кожените здолништа се комбинираат со ролки, кошули, транспарентни блузи со тантела, џемпери, блузони... Кога се обувките во прашање, предвид доаѓаат секако чизмите, високите потпетици, но и патиките.

Кога се кроевите во прашање, покрај стандарните тесни, актулни се и волуменозни здолништа, кожени плисе здолништа, како и оние со украси на нив (патенти, нитни), или пак со металик сјај.

фото извор: Popsugar.com

Со тоа имате широк спектар на можности за комбинирање. Треба трендот само да го прилагодите на својот стил и естетски сензибилитет. 

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Popsugar.com

фото извор: Pinterest.com

фото извор: Pinterest.com

фото извор: Pinterest.com

Објавено:
23 август 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.038 пати