Се наоѓаме меѓу две сезони, период кога се информираме за тоа што ќе биде актуелно следната, како ќе изгледа нашиот плакар и во што треба да инвестираме.
Светските модни дизајнери, а со тоа и медиуми велат дека оваа есен на голема врата се враќаат чизмите до глужд од 80-тите. Тоа значи, шпицести, со мала и тенка потпетица и најчесто во бела боја.
Постои и кадифена варијанта, за оние што преферираат таков тип обувки, кои исто така се апсолутен хит, како и лакирана.
Ако судиме по фотографиите од улична мода, успешно се комбинираат со здолништа и фустани, а ако сте љубител на панталони, тогаш оние до глужд се посреќен избор.
Постојат поделени мислења околу овој тренд.
Едни сметаат дека се одлично ретро навраќање, додека други сметаат дека ова е де-моде и непотребно враќање на 80-тите.
Што мислите вие? Би носеле ли вакви чизми?
фото извор: popsugar.com; pinterest.com;